Мурадие џамија
Оваа џамија се наоѓала во близина на Стара-Нова Бања. Била урната по Втората светска војна. Се среќава во пописот на џамиите извршен од страна на Муфтиството, како и во списокот на месџидите што го дава Хаџи Васиљевиќ. Според податоците што се изнесени во материјалот за џамиите во Скопје, изготвен од страна на Улема Меџлис, се вели дека Мурадие џамија била изградена од страна Султан Мурат, имала минаре од камен, се наоѓала во Мурадие маало и дека имала медреса.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer