Тахтали џамија
Се наоѓала во близината на Мурат-пашината џамија и некогашниот Ат пазар. Била изградена над самата река Серава во хиџ. 1312 или 1894 година. Тоа се дознава од зачуваните извештаи за подигање на новата Тахтали џамија до местото Ат-пазар над река Серава.
По раскажувањето на постарите скопјани џамијата ја викале Џамија без темел (Temelsiz câmi), затоа што била изградена на четири столба, по два од двете страни на Серава. Таа едноставно се надвишувала над реката, па била позната и како Џамија што виси (Asmali câmi). До неа се искачувало по скали. По покривањето на Серава и создавањето на улица, под џамијата се поминувало. Во големиот поожар што се случил во Чаршијата во 1908 година, оваа џамија изгорела и не била повеќе обновувана. На приложената фотографија во преден план е Мурат-пашината џамија додека минарето на Тахтали џамија се гледа на левата страна.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer